ПОДОБРА ГОДИНА (AYB) е европски проект ко-финансиран од Еразмус+ програмата о рамките на Клучната акција 2 – Партнерства за соработка во областа на образованието на возрасните. Се фокусира на зајакнување на постарите лица преку подобрување на нивните дигитални вештини и промовирање на активно стареење. Проектот има за цел да го премости дигиталниот јаз, помагајќи им на постарите возрасни да станат посамостојни со користење на онлајн алатки за управување со нивниот секојдневен живот, од пристап до здравствена заштита и управување со финансии до останување социјално поврзани.
Проектот обединува шест партнери од Шпанија, Полска, Италија, Северна Македонија и Белгија. Преку заеднички напори, AYB ќе ги мапира Дигиталните Вештини за Преживување усогласени со рамката на DigComp, ќе создаде складиште на дигитални решенија а борба против осаменоста и поттикнување на вклученоста и ќе развие повеќејазични материјали за обука изајнирани специјално за ИКТ нискоквалификувани возрасни и лица со подоцна усвоени дигитални вечтини.
Во срцето на проектот ПОДОБРА ГОДИНА е ОЕР платформата – отворен центар за образовни ресурси каде постарите можат да пристапат до бесплатна онлајн и офлајн обука на шест јазици. Платформата и обуката ќе бидат тестирани во пилот програма со 120 учесници низ партнерските земји, со што ќе се осигура дека нејзината содржина е практична, достапна и влијателна. Со промовирање на дигиталната вклученост и доживотното учење, ПОДОБРА ГОДИНА ја поддржува мисијата на ЕУ за градење на повеќе поврзано, инклузивно и зајакнато општество за сите.