Зголемете ја големината на фонтот
Намалете ја големината на фонтот
Висок контраст
Сиви тонови
Светла позадина
Ресетирање
Video Guide

Институт за развој на заедницата, ИРЗ

Институт за развој на заедницата (ИРЗ) е невладина и непрофитна национална чадор асоцијација за развој, образование и социјални услуги.
Искуството на ИРЗ се заснова на 30-годишна работа во заедницата, адресирање на проблемите, потребите на граѓаните и помагање во надминување на предизвиците.
Стратешки цели:
1. Подобрување на условите за живот и животниот стандард.
2. Зајакнување на демократијата и граѓанското општество;
3. Стручно образование и обука / обука за ИТ
4. Економски развој
5. Социјални услуги за ранливи групи
6. Социјална кохезија
ИРЗ работи на локално, национално и меѓународно ниво, обезбедувајќи услуги и спроведувајќи активности во различни региони и во партнерство во различни земји. Ние спроведуваме активности на 4 континенти: Азија, Африка, Европа и Северна Америка.
ИРЗ има големо знаење и искуство во спроведување на проекти финансирани од ЕУ, обезбедувајќи резултати и услуги со квалитет на високо ниво:
● создавање разновидни е-платформи и отворени образовни ресурси, курсеви за е-учење и има многу силен потенцијал и човечки капацитети за имплементација на проекти поврзани со е-учење.
● поседува релевантно знаење и искуство во спроведувањето на програмите за стручно образование и обука, нуди обуки во соработка со локални и државни институции на различни теми.
● организацијата е проверен обезбедувач на стручно образование и обука и образование на возрасни од страна на Министерството за образование и наука на Македонија.
● добро позиционирана во Македонија како организација која работи на развој на образованието на возрасни и е препознаена од институциите како релевантна организација во таа област, потврдена со потпишан меморандум за разбирање и соработка
● работи како социјално претпријатие и нуди производи и услуги на заедницата.
● организацијата е секретаријат на националната платформа за економски развој во која опфаќа универзитети, стопански комори, граѓански организации и други релевантни институции.

https://cdi.mk/