Зголемете ја големината на фонтот
Намалете ја големината на фонтот
Висок контраст
Сиви тонови
Светла позадина
Ресетирање


2025-11-05

Финализирање на работниот пакет 3: “Развој на AYB содржина за обука”

Проектот “A Year Better” (AYB) (Подобра Година), ко-финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија, со задоволство ја објавува успешната имплементација на Работниот пакет 3 (WP3): Развој на АYB содржина за обука. Овој пакет беше координиран од E-Seniors (Франција) со активниот придонес на сите партнери на проектот од Шпанија, Франција, Полска, Италија, Северна Македонија и Белгија.

Врз основа на истражувањата и мапирањето извршени во рамките на WP2, WP3 се фокусираше на создавање на привлечни, за учењето ориентирани материјали, дизајнирани да ги подобрат “дигиталните вештини за опстанок” кај постарите лица, во согласност со европската рамка DigComp.

Во рамките на овој работен пакет, конзорциумот:

  • Разви 10 интерактивни и пристапни модули за обука, секој со траење до 45 минути, кои ги опфаќаат практичните дигитални вештини поврзани со онлајн банкарство, сајбербезбедност, независно живеење, и активно стареење.
  • Создаде комплетен сет од придружни материјали, вклучувајќи:
    • Содржини за обука во Word и PowerPoint верзии
    • Тематски речник и квизови за само-евалуација
    • Видео презентации, и сертификати за завршена обука
  • Во моментов подготвуваме преводи на сите содржини на шест јазици, со што ќе се обезбеди пристапност за постарите лица низ Европа и ќе се зајакне инклузивноста на резултатите од проектот.

 

Чекор кон Дигитално Зајакнување

Програмата за обука AYB има за цел да ги оспособи постарите возрасни да  ги развијат основните дигитални вештини, овозможувајќи им безбедно и самоуверено да се движат низ секојдневното онлајн опкружување. Секој курс е дизајниран да биде краток, практичен, и лесен за следење – промовирајќи самостојност и доживотно учење.

Со интегрирање на рамката DigComp со пристап фокусиран кон постарите,  WP3 претставува значаен чекор во подобрувањето на квалитетот, флексибилноста и пристапноста на образованието за возрасни во Европа.

Со завршувањето на WP3, AYB сега продолжува кон Работниот пакет 4, кој ќе се фокусира на имплементација и тестирање на модулите за обука преку проктната повеќејазична платформа за отворени образовни ресурси (OER) platform.

Придружете ни се на нашиот пат кон дигитално инклузивно и зајакнато општество!

За пристап до модулите за обука, во моментов достапни на англиски јазик: https://ayearbetter.eu/training_mk.php?lang=MK

За повеќе информации за проектот AYB:
🌐 www.ayearbetter.eu
📸 www.instagram.com/ayearbetter
📘 www.facebook.com/ayearbetter
📧 ayearbetter@gmail.com
#AYearBetter #ErasmusPlus #DigitalInclusion #ActiveAgeing