Зголемете ја големината на фонтот
Намалете ја големината на фонтот
Висок контраст
Сиви тонови
Светла позадина
Ресетирање
Video Guide


2025-09-30

Завршување на работниот пакет 2: „Мапирање на дигитални вештини за опстанок“

“Проектот „Подобра година“, кофинансиран од Ерасмус+, со задоволство го објавува успешното завршување на Работниот пакет 2 (WP2), посветен на мапирањето на дигиталните вештини за опстанок во согласност со европската рамка DigComp. Завршувањето на WP2 е резултат на заедничкиот труд на партнерите од Шпанија, Франција, Полска, Италија, Северна Македонија и Белгија, кои блиску соработуваа за постигнување на заедничкиот цел.

Во рамките на работниот пакет 2, конзорциумот:

  • Идентификуваше и анализираше клучни дигитални вештини за постарите возрасни лица, со фокус на тоа како овие вештини можат да помогнат во справувањето со дигиталната изолираност.

  • Процени постоечки алатки и дигитални ресурси достапни за постарите возрасни лица, истакнувајќи ги нивните предности и недостатоци.

  • Спореди европски, национални и локални стандарди за да ја отслика јсна и кохерентна рамка на „Дигиталните вештини за опстанок“.

Резултатите од мапирањето ќе послужат како основа за следните проектни активности, а особено за:

  • дизајнирање на повеќејазични обуки во рамките на Работниот пакет 3,

  • развој на платформата со отворени образовни ресурси (OER) која ќе ги сместува обуките,

  • стратешки пристап за поттикнување на дигиталната инклузија на постарите возрасни лица.

Екипата на „Подобра година“ (AYB) ги гради своите активности врз овие резултати за да создаде практична и пристапна содржина за обуки, која ќе биде тестирана во наредните месеци. Со завршувањето на работниот пакет 2, проектот се приближува уште еден чекор кон својата главна цел: зајакнување на дигиталните компетенции, промовирање на независнот и поддршка на активното учество на постарите возрасни лица во денешното дигитално општество.

За повеќе детали за работниот пакет 2 посетете ја секцијата Мапирање на проектната веб-страна.

За повеќе информации за проектот AYB:

www.ayearbetter.eu

www.instagram.com/ayearbetter

www.facebook.com/ayearbetter

ayearbetter@gmail.com

Придружете ни се на ова патување кон дигитална иднина достапна за сите!